Уапсени кумановци осудени за убиство во обид

Полицијата уапси двајца кумановци барани за издржување на затворски казни за повеќе кривични дела, информираше МВР.
Станува збор за С.М.(45) и С.М.(66), двајцата од село Руница, општина Липково.

Според полицијата, за С.М.(45) билa распишанa меѓународнa потерницa за издржување казна затвор од вкупно 12 години за сторени кривични дела убиство во обид и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“.

За С.М. (66) била распишана меѓународна потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело убиство во обид и тој бил спроведен во затворот „Кшање“.