Уапсени над 120 поранешни вработени во турското МНР

Турската полиција денеска уапси повеќе од 120 поранешни вработени во Министерството за надворешни работи ширум земјата поради нивните наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен.

Tурската новинска агенција Анадолија јави приведените претходно добиле отказ од Министерство за надворешни работи.

Единиците за борба против тероризмот спроведоа симултани акции во 30 провинции, за апсење на осомничените.

Дел од уапсените се товарат дека ја користеле „Бајлок“ апликацијата за испраќање на шифрирани пораки. Турските власти тврдат дека апликацијата ја користат членовите на мрежата на Ѓулен, кој Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Во Турција по обидот за пуч уапсени се над 50.000 луѓе, додака 150.000 се сменети или суспендирани од работното место во армијата, но и во јавниот и приватен сектор.

(МИА)