Поранешниот градоначалник на мексиканскиот град Игуала, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга се уапсени. Владата ги обвии дека стојат зад исчезнувањето на 43 студенти, за кои постои стравување дека се убиени.
Студентите биле грабнати во септември од полицајци, кои тесно биле повразни со локалната наркобанда во Игуала. Грабнувањето доведе до масовна потрага по нив и мексиканскиот претседател Енрике Пенја Нието го стави во многу непријатна ситуација.
Портпаролот на полицијата Хозе Рамон Салинас на Твитер соопшти дека Хозе Луис Абарка, кој во тоа време беше градоначалник на Игуала,
и неговата сопруга Марија де лос Анхелес Пинеда биле фатени во главниот град Мексико Сити.
Властите и натаму трагаат по студентите, чие исчезнување ја шокира земјата и ги поткопа тврдењата на претседателот Пенја Нието дека Мексико е побезбедна земја под негово владеење.