Уапсени повеќе дилери, меѓу нив и 20-годишна девојка

На 21.09.2024 во СВР Штип бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип. Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 21.09.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ополициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ж.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.09.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.09.2024 во 20.15 часот на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го привеле М.Б.(30) од с.Иванковци, велешко. При преглед во возилото „форд“ со штипски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2024 во 00.05 часот во Дом на млади во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишиле од слобода малолетник од Штип поради сомнение дека е сторител на кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При контрола во Домот на млади во Штип, во негова близина била пронајдена и одземена марихуана.