Уапсени руски агенти кои подготвувале атентат на Зеленски и други украински политичари

Контраразузнавачите и истражителите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) ги попречи плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на земјата – соопшти СБУ.

– Плановите беа спроведени од агенциска мрежа, која однапред беше разоткриена од Службата за безбедност на Украина со помош на раководството на Службата за државна безбедност – се вели во соопштението.

Како што се додава, во мрежата, чии активности ги надгледувала ФСБ од Москва, имало и двајца полковници на Украинското Министерство за државна заштита (УДО) кои пренесувале тајни информации до Руската Федерација.

Двајца полковници на Националната гарда се уапсени и обвинети за предавство и помагање и поттикнување терористички напад.

При претрес на нивното место на живеење пронајдени се работи и документи со докази за учество криминалното дејствие.

Покрај Зеленски, како што се наведува, планирано било да ги елиминираат и шефот на Службата за безбедност на Украина Васил Маљук, шефот на ГУР Кирил Буданов и други високи функционери.

Според специјалната служба, агентите планирале да го ликвидираат Буданов пред Велигден.