Уапсени седумина џихадисти повратници од Сирија (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи во текот на ноќта  уапси седум лица, на возраст од 23 до 47 години осомничени дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Претходно, за седумте лица била распишана и потерница, а се гонат за кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.

Денеска Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили лишија од слобода 7 лица македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Се работи за македонските државјани (С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995 ), за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016)., велат од МВР.

 

Република Македонија превзеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи. Оваа акција е уште еден показател дека институциите на Република Македонија имаат капацитет и кредибилитет да се справат со актуелните безбедносни предизвици и се сериозен партнер во Глобалната коалиција за борба против тероризмот, пишува во соопштението на МВР.