Турската полиција ги уапси синовите на тројца турски министри како дел од истрагата за корупција при јавните тендери, пренесе „Би-Би-Си“.
Синовите на министерот за внатрешни работи, министерот за економија и министерот за животна средина се приведени, пренесуваат турските медиуми.
Полицијата спровела операција за апсење на најмалку 18 лица во Истанбул и Анкара утринава.
Се пребаруваат и централните канцеларии на Халкбанк во Анкара. Меѓу уапсените се и претставници на банката и водечки бизнисмени.