Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16 јуни) околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24),Р.К.(30) и И.Т. (26),тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале “канабис сатива”, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој посочува дека на таа локација се откриени околу 100 стебла-насади “канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.
-Пронајдениот “канабис” и повеќе други предмети се фотодокументирани и подигнати за вештачење, а трите лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, нагласува Јосифоски.
По ова ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за “неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, со кој денеска(17 јуни) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.