Уапсени сопругата и еден од синовите на лидерот на ИД

Либанската армија ја уапси сопругата и еден од синовите на лидерот на групацијата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, јави ТАСС.

Тие се уапсени додека се обидувале да ја преминат границата од Сирија во Либан, изјавија претставници на либанските сили за безбедност.

Апсењето е извршено денеска, но не е прецизирано кога поточно, а не се споменуваат ниту името и националноста на сопругата на Ал Багдади.

Либанскиот весник „Ал Сафир“ пишува дека либанските сили ги уапсиле сопругата и синот на Багдади во координирана операција со странска разузнавачка сила.