3.8 C
Skopje
четврток, декември 26, 2024

Уапсени тројца кумановци припадници на ИСИС, планирале регрутација на нови членови, но и напади

Се подготвувал ли терористички напад во Македонија?!

Тројца кумановци завршија зад решетки поради, неофицијално поврзани со ИСИС. Неофицијално, во голема полициска акција, утринава биле извршени три претреса во Куманово и еден во Скопје. Од МВР единствено открија дека денеска биле уапсени три лица, но според полициски извори, акцијата се уште не е завршена, па повеќе детали се очекуваат утре.

Според непотврдени информации, лицата, кои претходно се бореле на страна на терористите во Сирија, откако се вратиле во Македонија регрутирале кадри, но и се подготвувале за изведување нови терористички напади. Кај нив биле пронајдени воена опрема и голема количина оружје, меѓу кое и автоматски пушки, како и елеци за самоубиствени напади и знамиња на ИСИС.

Ова не е прва акција од ваков тип во земјава. Во 2015-тата година вкупно 11 лица од Скопје, меѓу кои и еден оџа, во рамки на акцијата „Ќелија“, беа обвинети за учество во странска војска и параполициска формација. Сите обвинети тогаш ја признаа вината, а судијата им определи затворска казна од пет до седум години, образложувајќи дека обвинетите биле заведени од идеологија штетна за човештвото. Само година подоцна се надоврза и „Ќелија 2“, а беа уапсени четири лица од скопско и Тетово, на возраст до 30 години, за истото дело.

Во 2018-тата, пак, седуммина македонски државјани беа лишени од слобода на скопскиот аеродром. Сите биле приведени за време на офанзивните напади на глобалната коалиција против ИСИС, предводена од САД, а потоа репатрирани кај нас.