Уапсен е австриски државјанин од авганистанско потекло чиј генетски материјал е најден на оружјето со кое минатиот месец во џихадистичкиот напад во Виена беа убиени четири лица, соошти обвинителството во неделата.
Обвинителството од судот ќе бара одобрување овој 26-годишник да биде ставен во истажен затвор, изјавила портпаролката на виенското обвинителство потврдувајќи го пушувањето на весникот Kronen.
„Траги на ДНК од ова лице се најдени на оружјето“, рекла портпаролката.
Уште едно осомничено лице, исто така, е уапсени во врска со нападот, но портпаролката за AFP не сакала да изнесува повеќе поединости.
Полицијата го усмрти 20-годишниот напаѓач, кого австриските власти ги опишаа ако исламски терорист роден во Австрија во албанско семејство по потекло од Македонија.
По нападот кој беше изведе во центарот на Виена на почетокот од ноември, австриската полиција уапси 15 лица поврзани директно или индиректно со нападот. Во Германија и во Швајцарија, исто така, се приведени и се истражуваат лица кои биле поврзани со напаѓачот.