![finska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/finska-1.jpg?resize=528%2C358&ssl=1)
Финската полиција денеска соопшти дека уапсила уште четворица Мароканци поради евентуална поврзаност со мажот осомничен за вчерашното убиство на две и повредување на осум лица во Турку.
Во соопштението на полицијата се посочува дека 18-годишниот напаѓач минатата година пристигнал во Финска како бегалец и побарал азил. Тој живеел во Турку во центар за бегалци.
Цели на неговиот напад биле жени. Тој со нож усмртил две жени, а повредил шест жени и двајца мажи.
Финската телевизија МТВ повикувајќи се на неименувани извори, јави дека на осомничениот му е одбиено барањето за азил.
Полицијата не ги коментираше наводите, но соопшти дека тој бил во процес на разгледување на барањето за азил.