Уапсениот советник на министерот Спасовски му дојавил на осомничен дека е под надзор

Скопското јавно обвинителство го сомничи Драган Симоновски, уапсениот советник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за злоупотреба на службената положба и овластувања затоа што пробил посебна истражна мерка (ПИМ) којашто се спроведувала на друг осомничен.Споре

Според соменвањата, кривичното дело било извршено на почетокот од март, односно не станува збор за порано направено кривично дело, туку за актуелен случај.

Уапсениот ноќта ја поминал во полициската станица во Кисела вода. МВР не дава детали околу сослушувањето, а обвинителството најави соопштение во текот на денот. Не е познато дали за Драган С. ќе има предлог за мерка притвор или други мерки на претпазливост.

Тој е долгогодишен вработен во МВР, а советник во министерскиот кабинет станал по доаѓањето на Спасовски на функцијата.

Како што објави во петокот НетПрес, Симоновски попладнето околу 16 часот бил приведен во полиција за под сомнение за поткуп. Симоновски, кој воедно е претседател на дисциплински комисии во министерството, а членувал и во повеќе комисии и важи за човек од доверба на Спасовски, се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување.

Се шпекулира дека акцијата за апсење ја спровел извесен Лазо Велковски, кој во септември 2016 година беше назначен за началник на СВР Скопје, а е познат во јавноста и како човекот кој пријави обид за атентат со пластично шише, а и како телохранител на Радмила Шекеринска.

Во истиот тој период, Драган Симоновски беше именуван за началник на Секторот за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност. Симоновски имаше функции во МВР и во техничката влада.