Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е уапсена 13-осомничената за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
„Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека е уапсена и приведен тринаесеттиот осомничен Ј.С.М., која на денот на апсењето не била достапна за органите на прогонот, а која е опфатена во Наредбата за постапување од истрагата, поради основи на сомнение дека сторила кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи, се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство.
Вишиот суд во Нови Сад и одреди притвор до 30 дена на уапсената Ј.С М.
На 23 ноември, Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на министерот за градежништво Весиќ и на поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.
Весиќ штрајкува со глад над 60 часа, но неговиот живот не е во опасност.
Уапсените се осомничени за повеќе кривични дела предизвикување јавна опасност, тешки кривични дела против општата безбедност и неправилни градежни работи. За овие дела е пропишана затворска казна од две до 12 години.
Од обвинителството соопштија дека лицата се приведени по прибирање и детална анализа на целата потребна документација, разговори со поголем број граѓани, а по извршено вештачење за утврдување на причините и околностите под кои паднала настрешницата, а по запознавање со наодите и мислењата на градежните стручњаци.