Во вторникот (27.08.2024) во 17.40 часот на локалниот пат селото Велешта кон селото Октиси, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга, го лишиле од слобода 38-годишниот М.В. од струшко Велешта, поради тоа што во атарот на селото предизвикал пожар.
Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.