Триесетгодишен британски државјанин во понеделникот е приведен во касарната „Илинден“ во Скопје, откако неовластено се движел во самиот круг на касарната, соопшти Министерството за внатрешни работи, но нејасно останува за кои дејствија е приведен странецот.
Како што е известено во билтенот на МВР, инцидентот е регистриран околу 16,20 часот, кога во Полициската станица – Карпош биле известени од касарната „Илинден“ дела во кругот на воениот објект неовластени се движи странски државјанин. Натрапникот бил приведен од воената полиција при што било утврдено дека станува збор за 30-годишник од Њукасл, Велика Британија, кој е идентификуван со иницијалите К.Р.Џ.
Осомниечниот е лише од слобода од полициските службеници поради соменвање дека се сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
За оваа обвинување, доколку се докаже вината во разделот „Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ од Кривичниот законик на РМ во според Член 350 стои дека „(1) Тој што заради извидување неовластено ќе влезе во воен објект иако знаел дека пристапот е забранет, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година: и (2) Тој што неовластено прави скици или цртежи на воени објекти или на борбени средства или ги фотографира, односно на друг начин ги снима, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.
Од Министерството за одбрана засега немаат детали за информациите и препратуваат до изворот на веста. Од МВР, пак, исто така, на барањето на НетПрес за повеќе поединости и појаснување на инцидетот со странскиот државјанин, односно кои се дејствијата поради коишто е осомничен притворениот Британец, без други детали ни беше одговорено дека сите информации се дадени во дневниот билтенот за дневните настани.