Убава вест: После долг период нема починати од Ковид-19

Денес за првпат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од ковид -19, регистрирани се 8 нови случаи  од направени 3.068 теста, информира Министерството за здравство.

Сепак, додаваат од Министерството, вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата.

– Мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме – велат од Министерството за здравство.

Според информацијата новит случаи на ковид-19 се три во , Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.  Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68611, активни  189
Куманово 8868, активни  52
Прилеп 8318, активни  33
Тетово 7232, активни  28
Битола 6304, активни  18
Велес 5471, активни  3
Гостивар 5180, активни  14
Кавадарци 5153, активни  0
Охрид 5011, активни  19
Штип 4959, активни  2
Струмица 4113, активни  6
Струга 2981, активни  4
Кочани 2791, активни  4
Кичево 2578, активни  26
Гевгелија 2195, активни  3
Неготино 2184, активни  4
Свети Николе 1523, активни  1
Ресен 1234, активни  0
Крива Паланка 1222, активни  2
Радовиш 1161, активни  7
Берово 1029, активни  0
Делчево 972, активни  4
Дебар 941, активни  2
Виница 886, активни  5
Пробиштип 789, активни  0
Валандово 666, активни  1
Богданци 494, активни  0
Крушево 490, активни  1
Демир Хисар 400, активни  3
Демир Капија 396, активни  0
Кратово 376, активни  3
Македонски Брод 359, активни  1
Пехчево 268, активни  0
Македонска Каменица 249, активни  2
Дојран 132, активни  0