Горивата од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ширум земјата ќе се точат по пониска цена за половина денар, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 78,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 80 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 56,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг и ќе изнесува 40,926 ден/кг.