Кога стигнаа џихадистите на ИСИС во Кобане, гледавме како зимаат жени и од нив прават робови, кажува Роза (29) која е една од бестрашните борци против терористите во Курдистан.
Три храбри жени се наоѓаат меѓу борците кои се борат против џихадистите, пренесува „The Daily Mail“.
Тие основале женска група која убива и по десет исламисти, и се подготвени на се’ за да ја одбранат земјата и своите сограѓани. Овие жени, своите животи во Турција и заминале во Курдистан, да се борат против милитантите од Исламската држава.
Роза е најмлада во групата. Таа вели: Кога слушнавме дека доаѓаат џихадистите и убиваат жени, одлучивме да се бориме и да ја спречиме хуманитарната криза.
Минатата година во август почна етничкото чистење на Језидите во Синџар. Тогаш крволочните исламисти земаа мажи, жени и деца од нивните домови. Мажите ги терале да преминат во Ислам, а жените се претворани во сексуалнии робинки.
Понекогаш убивавме и по десет џихадисти, на почетокот кга го ослободувавме Синџар, вели 26 годишната рапарин. Таа открива дека на џихадистите им е најтешко да се борат со жени, наводно тие многу се плашеле од тоа. Роза вели дека ќе убива исламисти се додека може, а ако тие ја фатат, самата ќе си пресуди.
„Кога ќе ги заробиме, гледаме дека се под влијание на дрога. А нив им е најтешко да се борат со жени. Тоа го мразат и многу се плашат од тоа. Бидејќи ако ги убие жена, нема да отидат во рајот. Јас убив ногумина од нив и уверена сум дека ниту еден од нив не ги чекаат девици во рајот“, вели Роза.