Убедлив пораз на Денвер, ЛА Лејкерс подобар од Хјустон

Актуелниот НБА шампион, Денвер убедливо загуби на гостувањето кај Кливленд со 121-109. Домашните во текот на целиот натпревар имаа водство и ги добија првите три четвртини, додека Денвер во последниот период успеа само да го ублажи оразот.

Никола Јокиќ имаше лош ден и мечот со заврши со само 18 поени, 10 скока и седум асистенции за скромен дабл-дабл учинок.

За екипата на Денвер ова е втор пораз во низа со која паднаа на третата позиција на табелата во Западната конференција.

НБА  резултати:

Бруклин – Филаделфија 99-121
Торонто – Детроит 142-113
Индијана – Орландо 116-128
Кливленд – Денвер 121-109
Далас – Сакраменто 113-129
Мемфис – Бостон 100-102
Јута – Феникс 137-140
Портланд – Оклахома 91-134
ЛА Лејкерс – Хјустон 105-104