Холанѓанецот Макс Ферстапен од тиот на Ред Бул-Хонда е победник на трката за Големата награда на Штаерска, која се возеше во неделата во Австрија во рамките на Светското првенство во класата Формула 1.
Фестапен до победата дојде на убедлив начин, водејќи од првиот допоследниот круг, и низ целната рамнина мина со 33.743 секунди предност пред актуелниот светски шампион, Британиецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес“, кој пред крајот на трката влезе во боксот да ги замени гумите благодарејќи на кои го освои бонус бодот за најбрзиот круг. Трет низ целта мина Финецот Валтери Ботас од Мерцедес, со 46.907 секунди заостанување зад победникот.
Верстапен со победата за ГН на Штаерска ја зголеми својата предност во генералниот пласман, сега има 156 бодови, 18 повеќе од второпалсираниот Хамилтон, а 60 од третиот клупскиот колега во Ред Бул-Хонда, Мексиканецот Серхио Перез.
РЕЗУЛТАТИ:
1. Макс Ферстаппен (Холандија/ Ред Бул-Хонда) 1: 22: 18.927
2.Луис Хамилтон (Велија Бриатнија/ Мерцедес) 35.743
3.Валттери Ботт=ас (Финска/ Мерцедес) 46.907
4.Сергио Перез (Мексико/ Ред Бул-Хонда) 47.434
5.Ландо Норрис (Велика Британија/ Мекалрен-Мерцедес) 1 круг
6.Карлос Саинз јун (Шпанија/ Ферари) 1 круг
7. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 1 круг
8. Ленс Строл (Канада/ Астон Мартин-Мерцедес) 1 круг
9.Фернандо Алонсо (Шпанија/ Алпине-Рено) 1 круг
10. Иуки Цунода (Јапонија/ АлфаТаури-Хонда) 1 круг
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ВОЗАЧИ
1. Макс Ферстапен 156 бодови
2. Луис Хамилтон 138
3. Серхио Перез 96
4. Ландо Норис 86
5. Валтери Ботас 74
6. Шарл Леклер 58
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРИ
1. Ред Бул-Хонда 252 бодови
2. Мерцедес 212
3. Мекларен-Мерцедес 120
4. Ферари 108
5. АлфаТаури-Хонда 46
6. Астон Мартин-Мерцедес 44