Убедлива победа на партијата на Курц на австриските избори

Конзервативната Австриска национална/народна партија (ÖVP) на Себастијан Курц е убедлив победник на предвремените парламентарни избори, се наведува на сајтот на министерството за внатрешни работи, кое е одговорно за изборниот процес.

Партијата на Курц освоила 38,4 отсто од гласовите, а на второто место е Социјалдемократската партија (SPÖ),со 21,5 отсто од гласовите, што е нејзиниот најслаб изборен резултат на сојузно ниво. На третото место е најголемиот губитник крајната десна Слободарска партија на Австрија (FPÖ), која освоила 17,3 отсто од гласовите. На минатите избори во 2017 година, оваа партија освои 25,97 отсто од гласовите, но по скандалот од пролетва, за кој правдата на суд ја бара нејзиниот поранешен челник и вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе кој за тоа ги обвинува германските безбедносни служби, крајната десница загуби значителна поддршка кај гласачите.

Најголем пораст оствари со 12,4 отсто од гласовите партијата на Зелените, која на претходните избори пред две години со 3,8 отсто не го мина изборниот праг. Во парламентот влегува и либералната партија Нова Австрија (NEOS) со освоени 7,3 отсто од гласовите.

Според ваквата проекција, Курц ќе располата со 73 мандати во парламентот, 41 пратеник ќе имаат социјалдемократите, крајната десница ќе има 32 мандата, Зелените – 23 а либералите 14 пратеници.

Во овие резултати не се пресметани гласовите од пораното гласање и гласањето преку пошта. Конечните резултати, министерството за внатрешни работи ќе ги соопшти следните денови. Илзнесноста изнесувала 75 отст

Аналитичарите сметаат дека Курц ќе има тешка работа да состави стабилна влада, а тој одговарајќи на прашањето за можна коалиција рече дека е подготвен да разговара со сите партии кои се претставени во парламентот.

„Ги вложивме сите напори да осигуриме максимална соработка на база на меѓусебно почитување со сите партии и на најдобар начин да работиме за Австрија. Во предизборната кампања се зборуваше за партиите, во демократијата секогаш треба да се зборува за земјата“, истакна Курц.

Истакна во партиското седиште дека партијата се надевала на добар резултат, но не очекувале толку висок процент освоени гласови. Обраќајќи им се на сопартијците Круц изјави дека „нема зборови“.

Од своја страна, челникот на Слободарската партија, Норберт Хофер, рече дека партијата ќе оди во опозиција, признавајќи го поразот на парламентарните избори. Според него, ваквиот резултат на партијата не ѝ овозможува да води преговори за формирање влада. Притоа, Хофер говореше за трансфорамцијата на политичките сили. „Ова ќе биде современа партија, ќе бидете изнанадени“, рече Хофер.

Партијата на Курц не ја исклучува можноста за коалицирање со Зелените, но исто така бара отстапки од евентуелниот партнер. „Дали ќе има коалиција со Зелените зависи од ставот на партијата на Зелените“, порача членот на претседателството на ÖVP, Вернер Амон.

„Мојата цел е Австрија да се донесе на местото број еден кога станува збор за заштитата на природната средина“, рече шпиценкандидатот на Зелените, Вернер Кеглер.

Математички постои и можност за коалиција и со социјадлемократите со кои Курц ја правеше владата до 2017 година, кога поради постојаните конфликти за насоките на таа влада, штотуку избраниот лидер на ÖVP, Себастијан Курц, излезе од коалицијата што предизвика нови избори и победа на неговите „народњаци“, кои потоа влегоа во коалиција со „слободарците“.

Австрискиот претседател Алекандер фон дер Белен најави дека следната седмица ќе води разговори со сите партии кои ќе бидат застапени во следниот состав на парламентот, по што главниот кандидат на партијата која освоила најмногу гласови ќе го именува за мандатар за составување на владата.