Фудбалерите на Алжир го освоија првото место во Групата Ц на Африканското првенство со максимални девет бодови, откако во средбата од последното трето коло во Каиро ја совладаа Танзија со 3:0 (3:0), додека минувањето во осминафиналето од оваа група избори и Сенегал кој во директниот меч за второто место, исто така, во Каиро ја надигра Кенија со 3:0 (0:0).
Алжир го реши мечот во последните десетина минути, кога головите ги постигнаа Слимани во 35, и Унас во 39 и првата минута од судиското продолжение.
Сенегал долго го кршеше отппорот на Кенија, Сар го постигна првиот погодок во 63 минита, а до крајот на мечот Мане со два гола ја потврди победата Мане во 71 и во 78 минута, откако промаши пенал во првото полувреме.
Алжир заврши прв во групата со 9 бодови, Сенегал е втор со 6, додека сѐ уште има шанси да мине и третата Кенија со 3 бода. Танзанија заврши последна без бодови.
Претходно во понеделникот беа одиграни мечевите од последното коло од Групата Д во која Мароко го освои првото место со максимални 9 бодови благодарејќи на победата над ЈАР од 1:0, додека во осминафиналето од оваа група обезбеди и Брегот на слоновата коска со 6 бодови откако со 4:1 ја победи Намибија. Мароко сите три меча во групата ги доби со 1:0, а против ЈАР во 90 минута.
ЈАР е на третото место со 3 бода и уште има изгледи за пласман во осминафинаелто како една од четирите најдобри третопласирани репрезентаци, додека Намибија остана последна без бодови.