Убедливи победи на Баерн и Лајпциг

Фудбалерите на Баерн Минхен и РБ Лајпциг беа убедливи во неделните дуели од 19-то коло на германското првенство задржувајќи ги високите места на табелата.

Баварците до победата дојдоа во второто полувреме кога постигнаа три гола, откако поведоа со голот на Тиаго во 5 минута, но за Штутгарт израмни Анастиос Донис во 26 минута. Во 55 минута Кристијан Гетнер постигна автогол, потоа Леон Горетцка погоди во 71 минута, а Роберт Левандовски откако во 65 минута не реализираше пенал, во 85 минута погоди за 4:1.

Баерн така се одржа на втората позиција со 42 бода, шест зад водечката Борусија Дортмунд, а три повеќе од истоимениот клуб од Менхенгладбах. Штутгарт, пак, е на 16-то место две над дното на табелата со само 14 бодови.

Во последниот неделен дуел, РБ Лајпциг уште во првото полувреме го реши прашањето на победникот на гостувањето кај Фортуна Диселдорф, кога неговите фудбалери за четврт час игра постигнаа три гола, а стрелци беа Јусуф Поулсен во 2 и 16 и Ибрахим Конате во 9 минута. Во второто полувреме во 68 минута погоди и Конрад Лајмер за конечните 4:0.

Лајпциг на четвртата позиција има 34 бодови, пет помалку од третата Борусија Менхенгладбах, а три повеќе од петтиот Ајнтрахт од Франкфурт. Форутна, пак, е 14-та со 21 бод.