Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.
Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.
Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.
Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.
Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи.