Убедливи победи на Рома и Торино

Фудбалерите на Рома и на Торино во вечерните натпревари во средата во рамките на 18-то италијанско коло постигнаа убедливи победи.

Рома уште во првото полувреме дојде до убедлива предност над Сасуоло, преку Пероти во 8 минута од пенал и Шик во 23 минута, во продолжението во 59 минута на 3:0 зголеми Заниоло, а во самата завршница во 90 минута Бабакар намали на конечните 3:1. Рома сега е седма со 27 бодови, два повеќе од Сасуоло кое е на 11-то место на табелата.

Торино со 3:0 го победи Емполи, а стрелци беа Н’Коло во 44, Де Силвестри во 49 и Фалкао во 75 минуита, со што се качи на осмото место со 26 бодови, додека Емполи е 16-ти со 16 бодови.

Средбата меѓу СПАЛ и Удинезе заврши без голови, па СПАЛ сега е 15-ти со 17 бодови, а Удинезе е 17-то со 15 бодови.

Шампионот Јувентус претходно во средата успеа да остане непоразен на гостувањето кај Аталанта која направи пресврт, со голот на резервистот на овој меч, Кристијано Роналдо, иако добар дел од дуелот го играше со играч помалку,

Вечерва се игра дербито меѓу Интер и Наполи, по што ќе се знае колкава ќе биде предноста на Јувентус пред најголемите конкуренти за титулата.