Убиец по 20 години бегство „падна“ поради неносење маска

Полицијата во Варшава уапсила маж осуден за убиство кој веќе дваесет години бил во бегство, откако  влегол во дуќан без маска, пренесе во вторникот агенцијата AFP повикувајќи се на полициската портпаролка на полската престолнина.

„Полицијата го приведе мажот во квартот Бјелани, бидејќи не носел маска“, изјавила портпаролката Елвира Козловска во одговор во електронска пошта.

Четириесет ипетгодишниот маж бил пренесен во притвор. Осуден е на 25-годишна казна затвор. Козловска одбила да одговори за каков случај на убиство станува збор.