Убиецот на Боjку го застрелал во главата, па побегнал со мотоцикл

Познатиот осуденик за нелегална проституција во струшкото село Велешта како и по заканите упатени на порашеншниот ргадоначалник Зијадин СЕла, Дилавер Бојку Леку, во понеделникот попландето е застрелан со куршум во глава на плажа во Струга.

Дилавер Бојку бил убиен пред ресторанот на плажата во центарот на Струга. Според првичните неофицијални информации кои ги објави порталот МКД.мк, станува збор за крвна одмазда за убиство сторено од синот и братот на Бојку.

Бојку е познат во македонското подземје и како „балкански бос“ на проституцијата.Тој бил тешко ранет, а на повредите им подлегнал во струшката болница. Во тек е увид на местото на настанот и голема потрага на полицијата по осомничениот за убиството.

Засега непознато лице во 16,45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа „Аква Блу“ на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје.

„Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец“, објави телевизијата Алсат.

Лекари во струшката болница за Алсат информираа дека најверојатно Бојку бил погоден со неколку куршуми во пределот на главата, а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

Пред 15 години Бојку го доби прекарот „балкански бос на проституцијата“, по што следуваше негово апсење, минимални пресуди, по што избега од Македонија. Следуваше екстрадиција од Црна Гора за на крај да се вклучи во бизнис во туризам и угостителство.

Во немање на конкретни информации од МВР, низ струшката чаршија кружат шпекулации околу мотивите за престрелката. Дали се работи за бизнис, политички мотиви или крвна одмазда?

Дилавер Бојку од поодамна ѝ е познат на јавноста во земјава. Негово име се поврзуваше со криминал и проституција. За тоа лежеше и неколку години затвор. Негов објект беше на мета на локалната власт на поранешниот градоначалник Зијадин Села која му урна дивоградба во центарот на Струга, по што Села пријавуваше дека добивал закани.

Градоначалникот на Струга Зијадин Села во јуни 2013 година во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственикот на угостителскиот објект „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим.

„Општината деновива на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат дивоградбите на кејот„, пишуваа тогаш медиумите.

Леку, очигледно револтиран поради ова, упатил вербални закани до градоначалникот. Полицијата тогаш потврди дека добиле пријава од струшкиот градоначалник. Тие го повикале Дилавер Бојку во станица и писмено го предупредиле дека сопственикот Дилавер Бојку треба да престане со заканите, а проблемите да ги решава во институциите.