Принцот Вилијам, син на принцезата Дајана која според полициските податоци загина на 31-ви август 1997 година во сообраќајна несреќа, верува дека неговата мајка е убиена и дека е на трага на убиецот.
Како што пишува магазинот „Глоуб“ во јануарското издание и со назнака „ексклузивно“, го стеснува кругот околу наводниот убиец на принцезата Дајана. Пред 16 години, уверен дека нејзиниот син Вилијам, Дајана ја убиле членови на доброорганизирана група на меѓународни препродавачи на оружје.
Магазинот го наведува името Борис, кој се крие во некоја шума во Хрватска како личност која стои зад убиството на принцезата.
Наводно Вилијамс е подготвен да се откаже од својата воена кариера и во целост да се предаде на пронаоѓањето на убиецот на својата мајка.
Во август Скотланд јард ги проверуваше информациите околу тврдењата дека зад убиството на Дијана и нејзиниот љубовник Доди Фајед стојат оперативци на Британските специјални сили.
Деталите за наводното убиство на принцезата ја изнел и авторот Алан Пауер кој во книгата објавува разговори со наводниот убиец.