Бегањето на Игор Спасов, поточно убиецот на Мартин Нешкоски, ја разбрани јавноста, социјалните мрежи вријат од коментари, а надлежните на сето тоа молчат.
Поранешниот висок функционер на СДСМ, Владимир Милчин преку социјалните мрежи го поздрави Заев дека тој и Спасов се на „правиот пат“.
„Или у превод он е на правиот пат, ние не сме!!!“ – стои во статусот на Владимир Милчин.
Убиецот на Мартин Нешкоски ја нема одлежено целосната затворска казна која изнесува 14 години.
Спасов поради болест беше ослободен повеќе од една година. Вчера судот од Штип даде согласност за издавање на потерница за да се пронајде убиецот на Нешкоски, иако има шпекулации дека тој има пребегано за Турција.
Поранешен припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.