Убиецот на словачкиот новинар Куциак осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди во средата убиецот на словачкиот истражувачки новинар Јан Куциак на 25 години затвор.

Оваа пресуда по жалбата против поранешниот војник Мирослав Марлек е конечна и на неа повеќе не може да се вложи жалба, потврди портпаролката на словачкиот Врховен суд, Александра Вазанова.

Марчек во јануари 2020 година призна дека во февраури 2018 година ги убил Куцак неговата веренициа Мартина Кушнирова пукјќи им од огнено оружје во градите и главата.

Со оваа пресуда Врховниот суд всушност ја исправи поблагата казна изречена од специјалниот кривичен суд во Пезинок крај Братислава. Тамошните судии во април годинава го осудија Марчек на 23 години, бидејќи како олеснителна околност му го земаа фактот дека го признал двојното убиство и на истрагата ѝ дал драгоцени податоци за оние за коишто се претпоставува дека ја нарачале ликвидацијата на новинарот. Меѓутоа, јавното обвинителство инсистираше на максималната казна поради тежината на кривичното дело.

Куциак објави своевремено десетина написи за претпреимачот Марјан Кочнер. Во написот објавен непосредно пред убиството, Куциак го обвини Кочнер дека е вмешан во шемата на даночни измами, докажувајќи дека Кочнер на незаконски начин заработил милиони евра.

Куциак стана познат во јавноста по пишувањата за даночни затајувања и многу измами на деловни луѓе поврзани со тогаш владејачката партија Смер. Исто така, пишуваше и за поврзаноста на словачки државјани со италијанската мафијашка организација Ндрагета.

Написот кој беше објавен по неговата смрт за можните врски меѓу италијанските мафијашки кланови и словачките државни службеници покрена масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада.

Марјан Кочнер повеќепати негираше дека го нарачал и платил убиството на Кочнер. Овој милионер беше осуден за убиството кое ја потресе Словачка но и ЕУ, во септември 2020 година беше ослободен од обвинението за злостарството.