Америкнаскиот претседател Џо Бајден во вторникот повика на забрана за јуришното оружје и построги мерки за контрила на оружјето преземајќи ја за него познатата улога на утешител на трауматизираната нација по пукањето во Колорадо во кое десет луѓе беа убиени, од наводно американски државјанин по потекло од Сирија кој бил душевно болен.
Осомничениот за масакрот, кого полицијата го идентификуваше како Ахмад Аливи ал-Иса од Арвада во Колорадо, страдал од ментално растројство, изјавил неговиот брат за весникот The Daily Beast. Според постариот брат, 34-годишниот Али Аливи ал-Иса, вели дека напаѓачот страдал од асоцијално и параноично оденсување, кој уште во училишните денови се жалел дека е следен и прислушуван.
Тој ги исклучил политичките мотиви за убиствата.
„Тоа не е политички гест, станува збор за ментална болест. Момчето беше многу малтретирано на училиште. Тој беше дружељубиво дете, но по малтретирањата на училиштето, стана асоцијален“, изјавил постариот брат ал-Иса.
Весникот The New York Times, повикувајќи се претпоставената страница на Facebook на осомничениот пренесе дека Ахмад ал-Иса во училишните денови се занимвал со борење и кикбокс. Роден бил во Сирија во 1999 година но израснат во Колорадо, според личните податоци на социјалните мрежи. Но нема податоци кога семејството се доселило во САД.
Според полициските сознанија, убиецот со автоматска пушка и пиштол во продавницата во местото Булдер во понеделникот попладнето носел и заштитен елек, кој подоцна го соблекол како и целата облека додека се пропредал на специјалците откако бил ранет во ногата по престрелката.
„Не морам да чекам ниту една инута, а не пак час, да донесам здраворазимски мерки кои во иднина ќе спасат животи“, изјави претседателот Џо Бајден додавајќи дека „можеме да го забраниме офанзивното оружје“.
„Ова не е и не би требало да биде партиско прашање. Тоа е американско прашање коешто ќе спаси животи, американски животи. Мораме да дејствуваме. Можеме да го забраниме јуришното оружје и оружјето со магацини со голем капацитет“, изјави Бајден од Белата куќа пред да отпатува од Вашингтон за Колумбус во Охајо на одбележувањето на 11-годишнината од законот за здравствено осигурување познат како Обамакер.
Масовното пукање во Булдер се случи по минатонеделниот напад и осумте убиени во салони за азиска масажа во Атланта, порди што повторно беше отворено прашањето за купување и носење оружје во САД.
Знамињата на Белата куќа биле спуштени на половина копје во понделникот во знак на сеќавање на жртвите на пукањето во Атланта. Повторно беа подигнати на неколку часа во вторникот утрото, пред повторно да бидат спуштени за одбележување на убиствата во Булдер.
По овие инциденти новата администрација на Баден се соочува со притисокот да го одржи предизборното ветување по прашањето за регулирање на оружјето. Но сите обиди во САД да се воведе построга контрола на оружјето историски се покажаа тешки, имајќи дека демократите принципиелно се согласуваат со тоа а републиакнците се противат, но малку конкретни мерки се преземаат за сузбивање на ваквите појави, главно поради влијанието на моќното лоби на Националната пушкарска асоцијација (NRA).