Убиен 33-годишен маж во Топанско Поле

Утрово е убиен Е.Б. од Скопје, откако во него е пукано од непознат сторител во населбата Топанско Поле.

Полицијата соопшти дека денеска во 9.12 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Топанско Поле било пукано во (Е.Б.) од Скопје, кој починал од повредите.

Убиството се случило во тесна уличка спроти бензинската пумпа на улицата Македонско косовска бригада, а безживотното тело на убиениот го пронашле минувачи.

Засега не се знае кој пукал во убиениот и која е причината за убиството, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Надлежен јавен обвинител во соработка со службеници од МВР веќе извршиле увид на местото на убиството.