Откако беше избоден со нож во Сан Франциско, им подлегна на повредите 43-годишниот Боб Ли, еден од создавачите на Android и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, јави „Еј-би-си ворлд њуз“.
Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли.
Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, каде што починал од повредите.
Неименуван полициски извор за медиумите потврдил дека Ли бил избоден со нож. Истрагата е во тек.