Еден од лидерите на антивладините протести во тајландската претстолнина во Бангкок загина, а неколку демонстранти се повредни кога се обидоа да ги спречат избирачите кои сакаа да гласат денеска бидејќи 2 февруари кога е официјалниот ден, нема да можат да дојдат на избирачките места.
„Сутин Таратин е погоден со метак во глава додека држел говор на еден камиион во предградие на Бангкок“, изјави портпаролот на демонстрантите.
Според него, владата не успеала да обезбеди сигурност и безбедност и покрај тоа што полицијата доби овластување за да ги контролира протестите.Демонстрантите блокираа 45 од 50 избирачки места во Бангкок, а пречки во гласањето имаше во 10 од 76 тајландски провинции.
Од Владата вчера најавија дека премиерката Јинглук Шинаватра е подготвена да разговара за откажување на изборите на 2 февруари ако активистите ги завршат протестите кои траат веќе два месеци.