Убиен еден од водачите на Делии

Александар Рогановиќ е познат криминалец од Нова Населба и водач на Делиите

Во заседа на улицата “Нова 101”, за сега непознат напаѓач го сочекал Рогановиќ, кој од Нова Носелба се враќал дома и во него испукал неколку куршуми.

Досегашната истрага на полицијата покажува дека Рогановиќ најверојатно го познавал напаѓачот, како и дека во моментот кога го здогледал се обидел да побегне.

Од полицијата наведуваат дека по сторителите интензивно се трага, а не се исклучува и можноста да се работи за нова пресметка во криминалните кругови каде доминираат навивачите во Нови Сад, бидејќи момчето од поодамна и е познато на полицијата. Тој е неколкупати приведуван и има десетина кривични пријави.

Помеѓу другото, бил уапсен и во февруари, кога во спектакуларната акција во центарот на градот биле уапсени повеќе луѓе, а токму кај него бил пронајден пиштол.

Полицијата го именувала Рогановиќ како еден од водачите на Делиите, навивачката група на Црвена Звезда.