Убиен италијански новинар во Славјанск

Италијанското МНР  соопшти дека италијанскиот новинар Андреа Рокели бил убиен вчера во минофрлачки напад во близина на украинскиот град Славјанск кој е бастион на проруските сепаратисти.

„За жал сите податоци со кои располагаме, покажуваат дека тој починал. Очекуваме само втора потврда, препознавање на телото“, изјавил портпарол на Министерството.

Дел од западните медиуми синоќа објавија дека во нападот биле ранети и италијански репортер и еден преведувач за кои сеуште не се знае дали се живи.

Според Рогелон, тројцата пристигнале на линијата на фронтот јужно од Славјанск и сакале да излезат од возилото, кога западнале под минофрлачки напад.