Израелската војска во четвртокот соопшти дека убила командант на палестински Хамас кој наводно бил вклучен во нападот на јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а работел и за агенцијата за помош на Обединетите нации во Појасот Газа.
Израел ја обвини UNRWA дека има многу вработени кои истовремено се членови на Хамас и други вооружени групи, пренесува Reuters.
Обединетите нации по истрагата во август дека деветмина вработени во UNRWA најверојатно биле вклучени во нападите на 7 октомври и ги отпуштиле.
Израелската војска соопшти дека Мохамад Абу Итиви бил убиен во средата. За него се вели дека бил командант на Хамас и дека учествувал во убивање и киднапирање израелски цивили. Исто така, се наведува дека тој е вработен во UNRWA од јули 2022 година и дека неговото име е на списокот на вработени во агенцијата.
Од UNRWA потврди дека Итиви бил член на локалниот персонал и дека бил убиен во средата.
UNRWA обезбедува образовна, здравствена и хуманитарна помош за милиони Палестинци во Појасот Газа, на окупираната друга палестинска енклава Западниот брег, и за оние пред повеќе децении протерани во соседните земји Јордан, Либан и Сирија. Долго време имаше затегнати односи со Израел, а тие се влошија од почетокот на војната во Газа. Израел постојано бараше распуштање на UNRWA.