
Командант на иранската паравоена милиција Басиџ е убиен во средата го југоисточната провинција Кузестан, пренесува иранската агенција на млади новинари.
Во извештајот се наведува дека жртвата е Абдолхосеин Моџдами, кој бил командант на единиците на Басиџ во округот Дарховин во областа Шадеган. Во неговиот дом утрото го застрелале вооружени лица чиј идентитет и мотиви не се објавени.
Локалните власти соопштиле дека напаѓачите биле уапсени неколку часа по нападот.
Паравоената доброволечка формација Басиџ се декларира за организација која го надзира почитувањето на законите и верските норми. Милицијата влегува во составот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), елитните единици на иранската армија. Според грубите процени во медиумите, Басиџ има 3 до 4 милиони припадници.