![al fahm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/al-fahm.jpeg?resize=696%2C391&ssl=1)
Личниот телохранител на саудискиот монарх, Салман бен Абдел Азиз ал-Сауд, бригадниот генерал Абдулазиз ал-Фахм, починал како последица од прострелна рана, објави во неделата телевизијата Al Arabiya, повикувајќи се на полицијата на Мека.
Според портпаролот на полицијата во Мека, генералот ал-Фахм бил застрелан во саботата вечерта во куќа на негови пријател. Според досега достапните информации, телохранителот на саудискиот крал отпатувал во Џеда во посета на својот пријател Турки бен Абдел Азиз ал-Сабти. Во домот дошло до конфликт со еден од гостите кој е идентификуван во медиумите како Мамдух бен Мешаал ал-Али. По кавгата, Мамдух излегол од куќата и набрзо се вратил со оружје, неселективно пукајќи кон сите во објектот.
Телохранителот бил тешко ранет и починал во болница, а повредени се уште две лица, домаќинот и Филипинец кој бил ангажиран како слуга. Кога полицијцата пристигнала на местото на инцидентот, осомничениот одбил да се предаде и бил застрелан од полициските службеници. Во престрелката, исто така, ранети се пет полицајци.
Генералот Абдулазиз ал-Фахм долги години бил ангажиран во обезбедувањето на саудиските монарси, бил личен телохранител на починатиот карал Абдула, потоа на кралот Салман и важаше за еден од најдобрите во оваа работа во светот.