ВИДЕО: Ликвидиран најозлогласениот украински десничар

Олександер Музичко, најозлогласениот украински десничар, ноќеска бил најден убиен во близина на градот Ривна во западниот дел на земјата. Музичко беше еден од лидерите на ултрадесничарската организација „Десен Сектор“.

Александар Диниј, претставник на Врховната Рада, за украинските медиуми изјавил дека два засега неидентификувани автомобила му го пресекле патот на Музичко, додека овој возел. Потоа неколку лица го извлекле од возилото и физички го малтретирале, по што неколкупати му било пукано во срце.

Инаку, Музичко стана познат во јавноста по видео клиповите на каналот YouTube, на кои се гледа како физички ги малтретира функционери во Украина, кои не ги поддржуваат неговите ставови, но и по тоа што на разни јавни собири и во парламентот се појавуваше вооружен со автоматска пушка, со пиштоли и со ножеви.