Мексиканскиот новинар Хасинто Ромеро починал како последица на прострелните рани во планинскиот региона на сојузната држава Веракруз, откако претходно добивал смртни закани, објавија во четвртокот локалните медиуми.
„Репортерот и радиоводител на Oriestereo FM, Хасинто Ромеро, е убиен со најмалки два истреал додека управувал со својот автомобил ‘нисан марш’ во четвртокот утрото во општината Истачокитлан“, објави порталот CDP Noticias.
Според медиумските извештаи, Ромеро почнал да добива закани преку сервисот WhatsApp по објавувањето на материали за злоупотреби на овластувањата и позициите од страна на полицијата во општината Тешуакан на југот од Веракруз и конфликти во кои биле вмешани роднини на општински службеници.
Од почетокот на годинава ова е петто убиство на новинар во Мексико. Покрај тоа, на почетокот од јули беше убиен и сопственик на еден информативен портал во сојузната држава Сонора.