Убиен напаѓачот на полицајка во Франција

Напаѓачот кој претходно во петокот со ножт нападна полицајка во општината Ла Шапел сур Ердре близу Нант во западниот француски департмант Лоара-Атлантик, починал од здобиените рани во престрелката со припадниците на жандармеријата, пренесува телевискиот канал BFM TV повикувајќи се на свои извори.

Според извештајот, напаѓачот на почетокот од годинава издржувал затворска казна за кривично дело. Истовремено, кај него било дијагностицирано ментално нарушување заедно со наклонетост кон радикализација. Телевизијата, исто така, известува дека напаѓачот евидентиран во официјалниот регистер на радикалните елементи во Франција.

Во петокот рано претпладнето засега неидентификуван напаѓач нападна припадничка на локалната полиција во комесаријатот на општината Ла Шапел суд Ердре. Мажот го одзел нејзиниот револвер и побегнал со автомобил, кој подоцна го оставил.

Во големата операција за пронаоѓање на напаѓачот биле ангажирани 240 припадници на жандармеријата, два хеликоптера и три тима со кучиња трагачи. Во текот на обидот за негово апсење, напаѓачот отворил оган ранувајќи двајца полицајци. Состојбата на нападнатата со нож полицајка, медицински извори ја оцениле како сериозна но не критична, и таа е хоспитализирана.

На местото на инцидентот пристигна во текот на денот министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, кој претходно на својот Twitter профил им се заблагодари на учесниците во операцијата за откривање и апсење на напаѓачот, и им изрази поддршка на ранетите полицајци.

Лидерката на француската десна партија Национален собир (обединување), пратеничката Марин Лепен ги повика властите да „стават крај на нападите врз полицајците“.

„Како може да се случи, лице осудено за радикализација да биде на слобода и да може да ја нападне полицијата. Владата мора да одговори на ваквата неприфатлива ситуација“, објави Лепен на Twitter.

Последните неколку седмици зголемен е бројот на нападите врз службени лица на француските служби за спроведување на законот. На 23-ти април полицајка во Рамбује беше убиена во напад со нож во холот на комесаријатот, а на 5-ти мај премиерот Жан Кастекс потврди дека 36-годишен полицаец е убиен во операција за апсење дилери на дрога во југоисточниот град Авињон.