Убиен наводниот водач на нападот врз кинескиот конзулат во Пакистан

Еден од наводните водачи на нападот на пакистанска сепратистичка групација во кинескиот конзулат во Карачи во ноември е убиен во Авганистан заедно со неговите пет соработници, соопшто во средата бунтовничката организација која ја презема одговорноста за нападот.

Балучистанската ослободителна војска (BLA), којашто се противи на проектите опфатени со кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“ во со ресурси богатата покраина Балучистан, објави во вторникот изјава со којашто го потврдува убиството на еден од своите водачи, Аслам Балоч.

„Важен командант на BLA, Аслам Балоч е убиен со пет соработници во организацијат, во непријателски напад во понеделникот“, рекол во изјавата Џианд Балоч, портпаролот на сепаратистичката групација.

Пакистанската телевизија Saama пренесува дека Аслам Балоч е убиен со неколкумина команданти во самоубиствен напад во Аино Маин во авганистанската покраина Кандахар. Портпаролот на пакистанското министерство за надворешни работи не ја коментираше информацијата.

Во ноември тројца милитанти го нападнаа кинескиот конзулат во Карачи, убивајќи притоа четири лица. Безбедносните сили ги ликвидираа тројцата напаѓачи, кои на себе носеле експлозиви.

Пакистан со години ја обвинува соседна Индија за поддршка на бунтовниците во Балучистан, додека Њу Делхи, пак, го обвинува Исламабад дека ги поттикнува исламистичките милитанти ширум регионот. Двете земји, нукеларни сили, неколкупати војуваа во минатото, а последната деценија неколкупати предизвикаа кризи и дојдоа до работ на воен судир.

Кина го финансира равојот на пристаништето длабоко во морето Гвадар во јужен Балучистан, и инвестира во други проекти во рамките на гигантскиот Кинеско-пакистанскиот економски коридор (CPEC).

Mалата но богата со ресурси покраина Балучистан на границата со Иран и Авганситан, поради што е силно и сепаратистичкото движење, активни се сунитски исламистички групации кои се поврзани со талибаните, Ал Каеда а во последниот период и со џихадистичката Исламска држава.

Во Балучистан кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.