Водачот на ирачките џихадисти во северозападните делови на Сирија, контролирани од бунтовниците, кој го основаше поранеше=ниот сирски огранок на терориристичката мрежа Ал Каеда, бил убиен во четвртокот кога бомбаш самоубиец се разнел во неговата гостинска куќа, соопштија џихадистички извори.
Три извора на агенцијата Reuters рекле дека Абу Мариа ал-Кахтани, чие вистинско име е Мајср ал-Џабури, починал откако бил донесен во болница со тешки рани здобиени кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себеси неколку секунди откако го поздравил во градот Сармада. Неколку други лица се повредени, додале изворите, кои сакале да останат анонимни.
Ал-Кахтани беше еден од основачите на мрежата Џебхат (Фронтот) ан-Нусра, поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија, кој се преименуваше во Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) откако ги прекина врските со Ал Каеда.
Мрежата HTS ја потврди смртта на ал-Кахтани во објавите на социјалните мрежи и ја обвини ривласкта џихадистичка сунитска организација Исламска држава (ISIL). Но засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Ал-Кахтани беше бунтовник кој се бореше против американските сили по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година. Подоцна се премести во Сирија по 2011 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против шиитскиот сириски претседател Башар ал-Асад, поддржани од западните земји предводени од САД и сунитските соседни монархии.
Ал-Кахтани, кој влезе во конфронтација со водството на HTS, беше ослободен од затвор минатиот месец, откако таму мина шест месеци под обвинение за комуникација со забранети групи.
Хајат Тахрир ал-Шам, која е наведена како терористичка организација во повеќе земји во светот, долго време е цел на нападите на силите сириската влада и руските единици во земјата. Групацијата е во ривалитет и со главните бунтовнички сунтиски групи поддржани од Анкара кои исто така контролираат делови од територијата долж границата со Турција во северозападна Сирија.