Убиен полицаец во Куманово – Напаѓачот пред пет дена бил пуштен од лекување на барање на неговиот татко

Напаѓачот што синоќа му нанесе повреди на полициски службеник е приведен веднаш по инцидентот. Од Основното Јавно обвинителство информираат дека станува збор за лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување.

Оттаму информираат дека напаѓачот последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25ти јули годинава, на барање на неговиот татко. За напаѓачот, надлежен јавен обвинител ќе предложи мерка притвор.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово синоќа изврши увид во населбата Средорек во Куманово, каде што при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили, информираат од ОЈО.

Имено, при интервенцијата, пријавениот за семејно насилство ги нападнал четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел убод со нож во пределот на грбот.

Поради сериозноста на повредата полицаецот, 36-годишниот Г.С., починал. Веднаш по увидот на лице место, надлежниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатото лице и за вештачење на трагите и материјалните докази пронајдени на самото место.

Повеќе детали за полициската интервенција на следниот линк.