Убиен полицаец во САД додека пишувал казна на непрописно паркирано возило

казна

Полицијата соопшти дека сторителот се уште не е уапсен и дека не се знае мотивот поради кој е пукано во полицаецот.

Убиството се случило кога полицаецот запрел возило и додека во неговиот службен автомобил пишувал казна, возачот најпрво го удрил одзади полициското возило со неговиот автомобил, а потоа се приближил до автомобилот и пукал во главата на полицаецот.

Претставниците на полицијата наведуваат дека нивниот колега бил полициски ветеран со 20-годишно искуство.

Вакво злосторство е најголем „ноќен кошмар“, стои во соопштението.