Убиен полицаец во Велес

Рано утринава убиен е полицаец во Велес. Полицијата денеска во пет часот, ја уапсила 23 годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер.

Дел од медиумите објавија дека убиениот е полицаец.

-Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И. (23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул. „Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) одВелес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се вели во соопштението на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќебидеподнесена соодветна пријава.