Убиен поранешен фудбалер во Израел – славел роденден група терористи влегле и почнале да пукаат во луѓето

Израелскиот портал „Оне“ јавува дека во напад на Хамас е убиен и поранешниот израелски фудбалер Лиор Асулин.

Тој го прославувал својот 43-ти роденден кога група терористи влегла во салата и почнала да пука кон присутните, па жртвите се уште се бројат.

Околу 50 терористи дојдоа во забавниот простор и убија многу цивили, меѓу кои и 43-годишен поранешен фудбалер“, пишува „Оне“.

Асулин ја започна својата кариера во Макаби Херцли, а потоа играше за многу израелски клубови, вклучувајќи ги Хапоел Бер Шева и Петах Тиква.

За кратко ја напушти својата земја, поточно на Кипар, каде го носеше дресот на Аполон.