Убиен поранешниот телохранител на Аркан

Раде Ракоњац, поранешен телохранител и гардист на Жељко Ражњатовиќ Аркан, и близок пријател на Лука Бојовиќ, починал откако бил ранет во Белград.

Во пукањето се ранети и Стојан Новаковиќ- Цопе и Горан Ристановиќ.

Новаковиќ, исто така, беше близок пријател на Аркан, додека Ристановиќ е спортски менаџер и поранешен кошаркар.

Како што дознава српски „Блиц“, автомобилот „алфа ромео“ од кој што е пукано на Ракоњац, е запален.

Официјално, Ракоњац никогаш не бил осудуван. Досега бил осуден само за неовластено користење на пиштол.